Слатките безалкохолни пијалаци се причина за смртта на 180 000 луѓе во светот секоја година, а само 25 000 од случаите се во САД.newseventsimages

Ова го покажуваат податоците на ново медицинско истражување, цитирано од американското издание “Лос Анџелес тајмс”.

Според него најзасегнати од слатките безалкохолни – газирани пијалаци, сокови и слуично, се земјите со ниски и средни приходи, па 3 од 4 смртни случаи во светот се во слични земји.

Во Мексико, земја со едни од највисоките нивоа на употреба на безалкохолни пијалаци, околу 24 000 смртни случаи во 2010 година се предизвикани од прекумерната потрошувачка на засладени пијалоци. Според пресметките ова прави 405 загинати на милион возрасни луѓе за една година. На второ место се рангираат САД, каде починатите се повеќе – 25 000 лица, што сепак е 125 лица на милион возрасни.

За да стигнат до овие резултати, истражувачите здружија неколку национални студии на исхраната во 51 земја за периодот од 1980 година до 2010 година, во кои се разгледуваат и моделите на потрошувачка на пијалаците. Посебно внимание научниците обратиле на пијалоците, од домашно и масовно производство, кои имаат повеќе од 50 калории и не содржат 100% овошен сок.

“Нема никакви здравствени придобивки од пијалаците со додаден шеќер и потенцијалното влијание на ограничувањето на потрошувачката ќе им е спасувањето на десетици илјади животи секоја година”, вели д-р Дариус Мозафариан, еден од авторите на студијата.

Тоа сепак не го одразува влијанието на овој тип безалкохолни пијалаци врз децата.

Слични содржини