Словачка почна да увезува руски гас преку Турски тек

од Aneta Risteska
19 прегледи

Словачка почна да увезува руски гас преку гасоводот Турски тек на 1 февруари и очекува испораките да се удвојат од април, изјави денеска претседателот на словачката гасна компанија СПП, Војтех Ференц.
Тој додаде дека СПП нема да го раскине договорот со руски Газпром, кој е со важност до 2034 година, јавува словачкиот Деник Н.

Весникот пишува и дека СПП создава подружница во Украина и сака да добие лиценца за да може да транспортира гас од Русија.
Словачката компанија рече дека следната година ја смета за „ризична“, така што ќе започне да собира резерви на гас за следната сезона во лето и на есен.
Словачка, наводно, била отсечена од гасните правци извесно време, откако Киев одбил да го продолжи транзитниот договор со Гаспром.
Словачкиот премиер Роберт Фицо за време на јануарската посета на Турција зборуваше за можноста за увоз на руски гас преку Турскиот тек, потсетува словачкиот весник, пренесува Танјуг.

 

Photo/Freepik

Слични содржини