Веројатноста да се сретнат рускиот и американскиот претседател, Владимир Путин и Доналд Трамп, е 100 отсто, а средбата ќе се случи наскоро, изјави денеска Леонид Слуцки, шеф на комитетот за меѓународни прашања на руската Државна дума.
„Веројатноста за овие контакти е 100 отсто, лидерите на двете најголеми сили на планетата треба да соработуваат меѓусебно во блиска иднина“, рече Слуцки, пренесува РИА.
Тој додаде дека мора да се воспостават контакти, и дека не треба да има „изненадувања“.
„Работата на ова бара сериозна подготовка, која, нема да оддавам тајна, е во напредна фаза“, рече Слуцки.
Тој смета дека наскоро ќе има попрецизни информации за средбата која, како што оцени, ќе има „конструктивни последици“.
„За најитните, актуелни прашања на светската политика. За Украина, Блискиот Исток“, рече тој.
Тој изјави дека не треба да се шпекулира кога ќе се одржат средбите, пренесува Танјуг.
„Февруари или март, да не играме игри со погодување и да им дадеме шанса на лидерите сеопфатно да се подготват за тоа, но тоа ќе биде наскоро“, рече Слуцки, според Taнјуг.
Photo/Wikipedia