Снимки од руските трупи кои ја напуштаат украинската граница (ВИДЕО)

од Milan1
359 прегледи

Руските војници ќе се вратат во своите гарнизони по завршувањето на вежбите, а единиците на рускиот јужен и западен воен округ почнаа да ја товараат опремата, изјави во вторникот портпаролот на руското Министерство за одбрана, генерал-мајор Игор Конашенков.

– Како што завршуваат воените вежби, војниците, како и секогаш, ќе изведат комбинирани маршеви до нивните постојани гарнизони. Единиците на јужниот и западниот воен округ кои ги завршија задачите веќе започнаа со товарење на жива сила и опрема на железницата и автотранспортните возила, а денеска ќе се упатат кон своите воени гарнизони, се наведува во соопштението, а пренесува „ТАСС“.