Со панихида и свечена академија во Грачаница одбележана 20.годишнина од погромот врз Србите на Косово

Тие го уништја само материјалното, не знаејќи дека духовноста е неуништлива пред вандализмот, посочи Милена Парлиќ, помошник-директор на Канцеларијата за КиМ

од Бети Божиноска
193 прегледи

Со панихида, откривање на споменикот на загинатите во погромот и свечена академија денеска во Грачаница беше одбележана 20-годишнината од погромот на Косово, пренесува Б92.

Пред голем број граѓани, во присуство на функционери од Канцеларијата за Косово и Метохија на Владата на Република Србија и претставници на Српска листа, панихидата за жртвите од погромот на 17 и 18 март ја одржа епископот Рашко- призренски Теодосије со сослужение на епископот новобрдски Иларион и будимљанско-никшичкиот епископ Методиј.

По полагањето  бели рози пред инсталацијата „Исчезнати“, во дворот на Центарот за култура беше откриен споменик на загинатите за време на погромот во 2004 година, дело на скулпторот Бранислав Ристиќ. По тој повод, заменик директорот на Канцеларијата за КиМ, Душица Николиќ изјави дека на иницијатива на Канцеларијата е поставен споменик со цел да се негува културата и да се потсети на најтешкиот ден на српскиот страдање во Косово и Метохија.

„Симбол за потсетување на оттргнатите српски животи, имињата на жртвите се врежани во овој камен и сведочат за нашите маченици. Овој камен од Шар Планина е симбол на силата, јачината и постореето на српскиот народ во овие области, како и силата на нашиот народ да издржи тешки времиња и голгота за неказнет криминал веќе 20 години“, рече таа.

На свечената академија, владиката Рашко-призренски Теодосије истакна дека погромот останал длабоко врежан во српската колективна меморија како еден од најтажните моменти од поновата историја.

„Во тие два дена гореа нашите цркви и манастири кои со векови преживеале разни војни и неволји. Од сите страни пристигнуваа вести за злосторствата извршени врз нашиот невин народ и свештенството, па оваа годишнина ја одбележуваме со служење панихуда и упатување молитва кон Господа“, рече тој.

Милена Парлиќ, помошник-директор на Канцеларијата за КиМ, истакна дека оние кои не знаеле подобро „ги спалија нашите молитви и милоста која го зачуваа секој Божјиот дом на Космет“.

„Тие го уништја само материјалното, не знаејќи дека духовноста е неуништлива пред вандализмот. Во повторената историја на страдање, времето за нас Србите е поделено на пред и по војната. А војната почна благодарение на лагитите. Лага за хуманитарната катастрофа, за прекумерната употреба на сила, за Рачак. Лага ја создаде и т.н.  држава Косово“, рече Парлиќ.

Слични содржини