Стармер до Зеленски: Британија ќе ја поддржува Украина колку што е потребно!

од Aneta Risteska
54 прегледи

Британскиот премиер Кир Стармер утрово разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски, повторувајќи дека Велика Британија ќе и дава поддршка на Украина онолку долго колку што е потребно.

Стармер, исто така, „ја повтори посветеноста на Обединетото Кралство да се осигура дека Украина е на неповратен пат кон НАТО, како што беше договорено од сојузниците на Самитот во Вашингтон минатата година“, рече портпаролката на британскиот премиер, пренесе Би-би-си.

Членките на НАТО ветија поддршка за „неповратниот пат“ на Украина кон идното членство во јули, но не се договорија за формална временска рамка за приклучување кон воената алијанса, пренесува Танјуг.

Изјавата на британскиот премиер дојде еден ден откако американскиот секретар за одбрана Пит Хегсет ја отфрли идејата Украина да се приклучи на НАТО во разговорите со лидерите во Брисел претходно оваа недела.