Стармер и Трамп во „топол“ прв разговор: Фокус на блиски односи и економски прашања

од Aneta Risteska
35 прегледи

Британскиот премиер Сир Кир Стармер и американскиот претседател Доналд Трамп одржаа 45-минутен телефонски разговор во текот на викендот, што беше нивен прв официјален контакт, пишува BBC.

Разговорот, кој според изјави од Даунинг стрит бил „многу топол и личен“, се фокусирал на воспоставување меѓусебен однос, наместо на детали за конкретни политики.

Двајцата лидери разговарале за примирјето на Блискиот Исток, економските односи и зајакнување на трговијата. Трамп, кој претходно го пофали Стармер за „многу добра работа досега“, истакна дека, иако нивните политички ставови се различни, тој има „многу добар однос“ со британскиот премиер.

Во соопштението од Белата куќа се наведува дека е дискутирано и како двете земји можат да промовираат „праведен билатерален економски однос“, додека од Даунинг стрит беше истакнато дека премиерот го претставил планот за дерегулација со цел поттикнување на економски раст.

Средбата лице в лице помеѓу двајцата лидери се очекува да се одржи во наредните неколку недели во Вашингтон.

 

Слични содржини