Столтенберг: Ќе ја браниме секоја педа од сојузничката територија

од Milan1

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска изјави дека има веродостојни информации дека Русија гаѓа цивилни цели во Украина и ја повика Москва да го прекине конфликтот.

Тој вети и дека нема да дозволи конфликтот да се прошири, пренесува Ројтерс.

„Имаме одговорност да обезбедиме конфликтот да не ескалира и да не се прошири надвор од Украина. Ќе ја заштитиме и браниме секоја педа од сојузничката територија“, рече Столтенберг по разговорите со летонскиот претседател Егилс Левитс.

Слични содржини