Поради големите загуби од руските бомбардирања тие одбиваат да војуваат, командантите ги заплашуват со масовни егзекуции, ако бегаат20151205.ushqdvmztk

Страв и ужас владее во редовите на “Исламска држава” поради загубите од воздушните напади во Сирија. Терористите се демотивирани и одбиваат борба.Командантите  пак ги заплашуваат со масовни егзекуции, ако бегаат и не ги исполнуваат поставените задачи.Ова е последната информација за ситуацијата во Сирија според руски медиуми кои се повикуваат на сириски извори  .  Во меѓувреме на  фронтот во Сирија во изминатите денови владините сили на Сирија продолжија да ги притискаат терористите, во чиј редови се забележува демотивација, бидејќи тие трпат големи загуби од воздушните напади и тие не сакаат да се борат и да војуваат. Според податоците на сириските војници во многу групи, ако се исклучи основното јадро на “Исламска држава”, борците се подготвени да го прекинат отпорот и да го предадат своето оружје – зборуваме за 80% ( !) од борците. Пречката пред нив се стравот од расправа од страна на нивните команданти, кои се подготвени да ги егзекутираат оние кои одбиваат да ги исполнат поставените задачи. Таквите информации има за групата “Џабхат ан-Нусра”. Во различни банди се почесто има  препирки меѓу терористите. Северно од Алепо, недалеку од границата со Турција, имаше борбени дејствија меѓу делови на сириската армија и делови на “Исламска држава”.

Слични содржини