Тага во Луксембург, почина принцот Фредерик

од Milan1
794 прегледи

Овој млад принц се борел со ретко генетско нарушување, синдром на осиромашување на митохондријалната ДНК, кој постепено ја исцрпува клеточната енергија и доведува до дисфункција и откажување на органите, пишува „Луксембург Тајмс“.

Неговиот татко, принцот Роберт од Луксембург, ја објави тажната вест за смртта на неговиот син и изјави дека и покрај напорите на неговото семејство и лекарите, Фредерик ја загубил битката со болеста на 1 март. Посебно трогателен момент се случил на 28 февруари, Денот на ретките болести, кога Фредерик, чувствувајќи дека неговиот живот е при крај, го собрал семејството за да се збогува.

Принцот Фредерик покажал симптоми на оваа ретка болест уште од рана возраст, иако тие дури подоцна биле препознаени како резултат на мутација на генот „POLG“. Ова нарушување предизвикува намалување на бројот на копии на ДНК во митохондриите, што ги остава клетките без потребната енергија, лаички кажано, како батерија која никогаш не се полни целосно и постојано се празни.

Принцот Роберт се присетил на првите знаци на болест што ги забележал кај својот син:

„Тој беше бебе кое спиеше додека другите деца трчаа наоколу. Подоцна се појавија проблеми со рамнотежата и координацијата. Постојано губеше сила и често беше болен”.

Во емотивното писмо што го сподели принцот Роберт во име на целото семејство, се опишани последните моменти на Фредерик и моментот на збогување:

„Минатиот петок, на 28 февруари, нашиот сакан син нѐ покани во неговата соба за последен пат да разговараме со него и да ѝ упати зборови од срце на својата извонредна мајка, која не го оставила во последните 15 години, откако ни кажа проштални зборови, некои нежни, некои мудри, некои поучни во вистинскиот дух на Фредерик, тој нè остави со една стара семејна шега во последните мигови.“

Неговиот татко особено се осврна на последното прашање што му го поставил Фредерик:

„Тато, дали си горд на мене?“

Принцот Роберт истакнал дека неговиот син го исполнил со гордост, не само како татко, туку и како некој кој видел колку животот на Фредерик инспирирал многу луѓе ширум светот.

Слични содржини