Тен Хаг: Сега сме фрустрирани

од Симе Стоиков
154 прегледи

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг по поразот од Челзи (4:3) вели дека неговиот тим мора да донесе подобри одлуки.

„Црвените ѓаволи“ дојде од 0:2 до 3:2, за да се уништат откако примија голови во 100. и 101. минута.

„Се разбира, крајот на мечот е најфрустрирачката работа. Лошо го започнавме натпреварот, направивме индивидуални грешки, но веќе почувствував дека доминираме и успеавме да се вратиме. Игравме добар фудбал и дојдовме во ситуација да победиме. Би рекол дека на моменти бевме брилијантни, но не ја доведовме работата до крај“, рече Тен Хаг и додаде:

„Не знам што се случи, но така е како што е – тие си ја знаат своја работа, а таа мора да се заврши и да се донесат правилни одлуки. Но тие не донесоа правилни одлуки, не реагиравме доволно брзо за да ја избегнеме оваа ситуација“, алудирајќи на своите играчи.

Слични содржини