„TikTok“ ќе инвестира 8,8 милијарди долари во развојот на дигиталната инфраструктура на Тајланд

од Aneta Risteska
14 прегледи

TikTok, во сопственост на кинеската ByteDance, планира да инвестира 8,8 милијарди долари во следните пет години во развој на дигиталната инфраструктура на Тајланд, обука на човечки ресурси и иницијативи за онлајн безбедност.

Оваа информација беше објавена по средбата меѓу потпретседателката за јавна политика на TikTok, Хелена Лерш и тајландскиот премиер Фајтонгтајн Шинаватра, пренесува ВНА.

Тајландската премиерка ја поздрави инвестицијата, додавајќи дека тоа е одлична можност за развој на дигиталната инфраструктура и вештачката интелигенција во нејзината земја.

Сè уште не е јасно дали оваа инвестиција ја вклучува претходно најавената инвестиција на TikTok во Тајланд од 3,8 милијарди долари.
Компанијата објави кон крајот на јануари дека центарот за податоци на TikTok ќе биде изграден во Тајланд и ќе започне со работа во 2026 година, објави Бангкок Тајмс.

Глобалните технолошки гиганти сметаат дека Тајланд е атрактивна локација за изградба на центри за податоци. Амазон веќе вети дека ќе инвестира 5 милијарди долари во земјата во следните 15 години, а инвестиции претходно најавија и Google и Microsoft.

Тајландската влада вети нови стимулации за привлекување глобални компании кои бараат безбедно засолниште за инвестиции во услови на трговска војна меѓу САД и Кина, која најверојатно ќе се интензивира под администрацијата на Трамп, додава Бангкок Тајмс, пренесува Танјуг.

Слични содржини