Тинејџер со возило излетал од патот во Демир Капија, повредени три лица

од Milan1
37 прегледи

Вчера во 22.50 часот во ОВР Неготино е пријавено дека на обиколницата во Демир Капија, патничко возило „митсубиши“ со демиркаписки регистарски ознаки, управувано од осумнаесетгодишниот Н.Д. од Демир Капија, излетало од коловозот.

„Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил возачот, додека со телесни повреди се здобиле сопатниците Д.П.(19) и малолетник, двајцата од Демир Капија, констатирани во Општа болница Кавадарци. Извршен е увид од увидна екипа на ОВР Неготино“, информираат од МВР.