Администрацијата на претседателот на САД, Доналд Трамп, го замрзна федералното финансирање во кое е вклучена помош од 50 милиони долари првично наменети за дистрибуција на кондоми во Газа, според прес-секретарот на Белата куќа, Каролин Левит.
Замрзнувањето, сега привремено блокирано од федерален судија, беше дел од пошироката фискална политика насочена кон преглед и потенцијално прераспределување на расходите на федералниот буџет за усогласување со приоритетите на администрацијата.
За време на брифингот Левит рече дека Одделот за владина ефикасност, предводен од технолошкиот милијардер Илон Маск, и Канцеларијата за менаџмент и буџет, ги откриле средствата за дистрибуција на кондоми во Газа непосредно пред да бидат исплатени.
„DOGE и OMB, исто така, открија дека имало околу 50 милиони долари од даночните обврзници со кои требало да се финансиранабавка на кондоми за Газа“, рече таа. „Тоа е бесмислено трошење пари на даночните обврзници.
Кондомите во хуманитарна помош се користат за здравствени и репродуктивни цели. Меѓународната федерација за планирано родителство реагираше дека на Палестинците „систематски им се ускратува сексуалната и репродуктивната здравствена заштита и права“.