Трамп им го честита Денот на независноста – на Вучиќ и на граѓаните на Србија: „Се радувам на зајакнувањето на нашето партнерство“

од Aneta Risteska
31 прегледи

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, доби честитка од претседателот на САД, Доналд Трамп, по повод Денот на државноста на Србија.

Трамп во честитката наведува дека се радува на можностите што се отвораат за соработка меѓу двете земји.

„Во име на народот на Соединетите американски држави, ви упатувам најтопли честитки до вас и до граѓаните на Србија за вашиот Ден на независноста. Со нетрпение очекувам дополнително да го зајакнеме нашето партнерство, кое се потпира на сѐ посилните врски меѓу нашите земји, за заеднички да придонесеме за поголема безбедност и просперитет на граѓаните на Србија и САД“ изјави Трамп.

При тоа доадае:

„Ние многу го цениме значајниот придонес на Србија за меѓународната безбедност, без разлика дали тоа е поддршка на народот на Украина во нивната одбрана од руската агресија или придонесот на Србија во бројните мировни мисии ширум светот“.

Американскиот претседател ја изрази и американската поддршка за Србија на нејзиниот пат кон интеграција.

„Во годината што претстои, со нетрпение очекувам заеднички напори за унапредување на стабилноста и економскиот развој на Западен Балкан. Соединетите Држави целосно ја поддржуваат континуираната интеграција на Србија во евроатлантскиот простор, како и нејзините напори за промовирање на мирни и просперитетни односи со своите соседи и партнери во регионот“, се вели во честитката на претседателот Трамп.

Слични содржини