Трамп повторно го нападна Зеленски: Земаше пари од Америка како децата бонбони

од Milan1
423 прегледи

Американскиот претседател Доналд Трамп во неделата изјави за „Фокс њуз“ дека украинскиот претседател Володимир Зеленски за време на мандатот на Џо Бајден, „земал пари од Америка како децата што земаат бонбони“.

Трамп додаде дека Зеленски бил „неблагодарен“, тврдејќи дека лесно ги извадил парите од САД, како да се бонбони за деца. „Зеленски е паметен и жесток човек, но не е благодарен“, рече Трамп.

На прашањето на новинарите дали Украина ќе преживее доколку САД престанат да даваат помош, Трамп одговори дека можеби нема, но додаде дека војната во Украина не требало ни да започне, нагласувајќи дека да бил тој до сега ќе ја прекинел.

Трамп ги коментираше и односите со рускиот претседател Владимир Путин, велејќи дека добро се сложува со него, иако тој лично е „остар“ кон Русија.

Неодамнешната Средбата меѓу Трамп и Зеленски заврши катастрофално. Двајцата лидери се расправаа пред камерите, при што Трамп го повиши гласот за да го замолчи Зеленски. Посетата заврши со ненадеен прекин, а прес-конференцијата на која требаше да го потпишат договорот за минерали беше откажана.

Слични содржини