Руска ракета го погоди седиштето на регионалните власти во украинскиот пристанишен град Миколаев, при што загинаа најмалку три, а беа повредени 22 лица, објавија во вторник локалните власти.
Осумнаесет ранети се извлечени од урнатините, по кои се уште трагаат спасувачките служби.
На фотографијата објавена од гувернерот Виталиј Ким се гледа огромна дупка во зградата.
Демолираа половина од зградата и мојата канцеларија“, напиша Ким.
Руските сили ги нападнаа јужните пристанишни градови Керсон, Одеса, Миколаев и Мариупол за да ја отсечат Украина на Црното Море и да воспостават копнен коридор од Русија до Крим, полуостров што Русија го анектираше во 2014 година.