Уапсен геологот кој критикуваше за падот на настрешницата; „Повикувал на убиство на Вучиќ“

од Milan1
56 прегледи

Припадниците на Министерството за внатрешни работи, Управата за технологија, Службата за борба против високотехнолошки криминал, по наредба на Вишото јавно обвинителство во Белград, Специјалното одделение за борба против високотехнолошкиот криминал, го уапсија Зоран Џајиќ (70) поради основано сомнение дека сторил кривично дело загрозување на безбедноста.

Се сомнева дека тој користејќи го профилот на социјалната мрежа „Х“ под името „џајизоран“ на 10 април ја објавил следната содржина:

„Одговор на дезинформаторите: Мојот став е јасен – народот да гласа за смртна казна за Вучиќ – Не би сакал подоцна некој да го ослободи од лудница и повторно да почне да собира околу себе нацисти и криминалци. Србите имаат кратко паметење“, се вели во соопштението.

По наредба на надлежен обвинител, на именуваниот му е одреден притвор до 48 часа, по што со кривична пријава ќе биде изведен во надлежното обвинителство.

Инженерот Џајиќ ѝ стана познат на пошироката јавност откако на 1 ноември минатата година се урна покривот на Железничката станица во Нови Сад, при што загинаа 16 лица. Џајиќ почна да ја посочува можната корупција како една од причините за уривањето на настрешницата, обвинувајќи ја актуелната власт за сѐ што се случи, а особено ја апострофираше улогата на еден од подизведувачите, компанијата „Стартинг“.

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во неколку наврати го нарече Џаиќ „крадец и измамник“.

Слични содржини