Украина предлага забрана за песни на руски јазик

од Aneta Risteska
19 прегледи

Петицијата со која се бара забрана на песните на руски јазик на стриминг платформите во Украина собра 25.000 потписи и ќе биде разгледана од владата на земјата.

Петицијата беше објавена на 17 февруари, а нејзиниот автор тврди дека песните на руски може да носат пораки кои му наштетуваат на украинскиот идентитет, пренесе РИА Новости.

Предлог-законот бара блокирање на песните на руски јазик на платформи како што се Apple Music и Spotify, додека како алтернатива се нудат песни на други јазици.

Овој потег е во согласност со законите од 2019 година кои ја промовираат употребата на украинскиот јазик во сите сфери на животот, соопшти агенцијата, пренесе Танјуг.

Слични содржини