Украинската армија гранатираше 10 населени места во Херсонската област

од Aneta Risteska
20 прегледи

Вооружените сили на Украина во изминатите 24 часа извршија 40 артилериски напади врз населени места на левиот брег на реката Дњепар во регионот Херсон, соопштија службите за итни случаи.

Гранатирањето погоди 10 населени места во регионот, пренесе РИА Новости.

Според претставници на итните служби, украинската армија извршила 24 артилериски напади во текот на денот, додека имало уште 16 напади во текот на ноќта.
Меѓу погодените места се Тавријск, Нова Каховка, Кајри, Бољши Копани, Алешки, Казачи Лагерја, Пролетарка, Нова Мајачка, Каховка и Корсунка, пренесува Танјуг.

Слични содржини