Украинскиот премиер вели дека во моментов нема потреба од евакуација на Киев

од Destan Jonuzi
150 прегледи

Украинскиот премиер Денис Шмихал денеска изјави дека во моментов не гледа потреба од евакуација на граѓаните од Киев и другите градови кои не се во близина на руско-украинската линија на фронтот.

Тој рече дека ситуацијата во моментов е далеку од потреба за евакуација.

Шмихал ова го изјави на состанокот на украинската Влада по руските напади врз енергетската инфраструктура на Украина и откако градоначалникот на Киев им рече на жителите на главниот град да бидат подготвени на се, вклучително и на најлошото сценарио кое вклучува целосен прекин на снабдувањето со електрична енергија и вода.