УНХЦР го отфрли предлогот на Трамп за раселување на Палестинците

од Aneta Risteska
11 прегледи

Секое присилно раселување или депортирање на луѓе од окупирана територија го прекршува меѓународното право, соопшти денеска Канцеларијата за човекови права на ОН (УНХР) како одговор на предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за раселување на Палестинците од Појасот Газа од енклавата и нивно преместување во Египет и Јордан.

„Клучно е да се премине во следната фаза од прекинот на огнот, да се ослободат сите заложници и произволно приведени, да се стави крај на војната и да се обнови Газа, со целосно почитување на меѓународното хуманитарно право и меѓународното право за човекови права“, се вели во соопштението на УНХЦР, пренесе Ројтерс.

Претходно денеска, Трамп на заедничка прес-конференција со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека САД ќе го „преземат“ Појасот Газа, опишувајќи ја неговата визија за областа како „Ривиера на Блискиот Исток“.

Тој го повтори својот предлог за трајно раселување на Палестинците, нагласувајќи дека тие треба да се преселат во други арапски земји, како Јордан и Египет, и дека Газа во моментов е „само урнатини“, пренесува Танјуг.

 

Photo/Freepik

Слични содржини