Неидентификуван предмет падна денеска на имот во полскиот град Черск во Померанското војводство, соопшти денеска Магдалена Зблевска, портпарол на полицискиот штаб на окружниот Черск.
Таа изјави дека „Полската вселенска агенција и полската агенција за воздушна навигација, меѓу другите, биле известени за инцидентот“.
„Добивме пријава од сопственикот дека неидентификуван предмет паднал на имот во општина Черск. Полицијата го обезбедува теренот и ги истражува околностите на инцидентот“, изјавила портпаролката на полицијата, јави агенцијата ПАП, пренесе Танјуг.
Полските медиуми во средата објавија дека неидентификувани предмети, за кои се верува дека се остатоци од ракета-носач Falcon 9 R/B, биле пронајдени во близина на Познан. Ракетата беше лансирана на први февруари од воздухопловната база Ванденберг во Калифорнија, како дел од мисијата на SpaceX.
Тимот на Одделот за вселенска безбедност на Полската вселенска агенција подоцна објави на својата веб-страница дека потврдил дека „ноќта помеѓу 04:46 и 04:48, 19 февруари 2025 година, се случи неконтролирано атмосферско повторно влегување на ракетата-носач FALCON 9 R/B“.