204
Поради кризата во Украина реагираше и комесарот за проширување на Европската унија, Оливер Вархеји.
За актуелната ситуација меѓу Русија и Украина, комесарот за проширување на Европската унија, Оливер Вархеји, во објава на Твитер истакна дека „никогаш не може да има причина да се нападне друга земја и нејзиниот народ“.
„Никогаш не може да има причина да се нападне друга земја и нејзиниот народ. Никогаш не може да има причина да се води војна против друга земја и нејзиниот народ. Никогаш“, истакна Вархеји во објавата на „Твитер“.