Во пукање во зградата на Парламентот на Абхазија денеска еден пратеник загина, а друг е ранет. Овој кавкаски регион е поддржан од Русија и се отцепи од Грузија.
Пратеникот Вахтанг Голанџија загина, објави на Телеграм, прес-службата на вршителот на должноста шеф на државата, Бадра Гунба. Друг пратеник има повреди на раката.
Абхазиска новинска агенција информира дека Министерството за внатрешни работи на Абхазија го идентификувало пратеникот Адгур Харазија, како осомничен за престрелката. Тој избегал од местото на пукањето. Мотивот за пукањето не е познат.
Претходно, Парламентот на Абхазија ја прифати оставката на претседателот Аслан Бжанија, која тој претходно ја поднесе, под услов претставниците на власта и опозицијата да се договорат за оставка на претседателот на Абхазија и прекин на антивладините протести.
Гласањето беше тајно. Одлуката ја поддржаа 28 пратеници, еден беше против, а две ливчиња беа прогласени за неважечки.
Абхазија се отцепи од Грузија по пат на војна, поради што се раселени стотици илјади етнички Грузијци.