Пратениците од опозицијата денеска во српскиот парламент развиорија транспарент со натпис „Србија се крева за да падне режимот“. Претставниците на владејачкото мнозинство и одговорија на опозицијата со извици „Усташи, усташи“ и развиорени српски знамиња.
Меѓу оние кои извикуваа „Усташи, усташи“ беше и поранешниот српски кошаркар Дејан Томашевиќ, кој во текот на кариерата настапуваше за Борац Чачак, Црвена звезда, Партизан, Будуќност, ТАУ Керамица, Валенсија, Панатинаикос и ПАОК.
Тој се приклучи на СНС пред неполни две години.
Во текот на 1990-тите го носеше дресот на репрезентацијата на тогашната Сојузна Република Југославија. Со репрезентацијата освои сребро на Олимписките игри, две златни медали на СП и три златни медали и бронзен медал на ЕП.
По завршувањето на кариерата ја извршуваше функцијата потпретседател и генерален секретар на Кошаркарскиот сојуз на Србија. Се кандидираше и за претседател на ФИБА Европа, но не победи.
Во мај 2023 година, тој се приклучи на Српската напредна партија (СНС). На парламентарните избори истата година добил мандат во српскиот парламент.