Вил Смит му се извини на Крис Рок: Шегата за здравјето на жена ми беше премногу за мене, се срамам

од Milan1

Вил Смит сепак му се извини на Крис Рок откако му удри шлаканица на Оскарите откако комичарот се пошегува на сметка на сопругата на Смит. Смит во објавата на Инстаграм рече дека неговото однесување на доделувањето на наградите е „неприфатливо и непростливо“.

„Би сакал јавно да се извинам, Крис“, напиша Смит, згрешив“.

За време на својот говор, Рок се пошегува на сметка на Џејд Смит поради нејзината ќелавост. Ја споредил со Г.И. Џејн, популарен филмски лик кој на големото платно го играше ќелавата избричена Деми Мур.

„Џејда, те сакам. G.I. второто продолжение, едвај чекам да го видам”, рекол Рок. Но, неговата шега тешко му падна на Вил бидејќи Џејда веќе извесно време се бори со болеста поради која дели од главата ѝ останаа без влакна, за што и јавно проговори.

Смит излегол на сцената за време на преносот во живо и го удрил Рок во лицето откако комичарот се пошегувал на сметка на сопругата на Смит. Неполн час подоцна, Смит ја доби наградата за најдобар актер за улогата во „Кралот Ричард“.

„Шегите за мене се дел од работата, но шегите за здравјето на Џејда беа премногу за мене и реагирав емотивно. Се срамам и моите постапки не се соодветни на човекот кој сакав да бидам”, рекол Смит.

Претходно, Академијата за филмски уметности и науки од 9.900 членови ги осуди постапките на Смит, велејќи дека го разгледува ова прашање.

„Официјално започнавме истрага за инцидентот и ќе истражиме понатамошни дејствија и последици во согласност со нашите политики, стандарди на однесување и законите во Калифорнија“, додаваат од академијата.

Прекршувањето на правилата може да резултира со суспензија или исклучување од академијата, одземање на наградата или суспензија за идните награди.

„SAG-AFTRA“, синдикатот што ги застапува актерите, ги нарече постапките на Смит „неприфатливи“ и рече дека бил во контакт со академијата и телевизијата „ABC“ „за да се осигура дека ова однесување е соодветно решено“.

Слични содржини