Владата одлучила по итна постапка да ги награди јавните обвинители и судиите со плати повисоки за 35%. Како што стои во предлог законот за измени и дополнување на законите за платите на јавните обвинители и на судиите, основна цел поради која се предлагаат законите е да се зајакне самостојноста на јавното обвинителство и на судовите.

download (2)

Ова ќе падне на товар на буџетот, со дополнителни 20 милиони денари.

Непостапувањето и неработењето на Обвинителството, недовербата во неговата политичка неинволвираност беа причина за формирање на Специјално јавно обвинителство, а сега платите на јавните обвинители им се зголемуваат и тоа: за работа подолга од полното работно време 35%, за работа во деновите за празници 50%, а јавниот обвинител освен редовната плата, ќе има право на додаток за посебни услови ра работа, постоење на висок ризик и доверливост. За сето ова надлежен ќе биде и евиденцијата ќе ја води, Марко Зврлевски, јавен обвинител на РМ, по претходна согласност од министерот за финансии.

Истото покачување го добиваат и судиите. Во образложението на Законот се повикуваат на универзалната повелба на судиите усвоена од страна на меѓународната асоцијација на судии во 1999 година, во која е наведено дека судиите требале да примаат доволно плата за реално да се заштити нивната економска независност и тоа било заедничка заложба за независно и ефикасно судство.

Зголемените плати ќе го зголемат достоинството и одговорноста на судиите.

Надлежен за одредување на зголемувањето и додатоците за судиите е судскиот совет, по претходна согласност од министерот за финансии.

Ова зголемување на платите на обвинителите и судиите ќе биде најверојатно новогодишна честитка за нив, бидејќи законите се предложени да се донесат по итна постапка во Собранието.

Ова, според познавачите на состојбата е и еден вид одмазда за оние кои се одлучија да отидат во тимот на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, кои работат со посебен буџет. Она што не беше барано и решавано со години, сега наеднаш се решава под итна постапка.

Слични содржини