Во Италија откриена даночна измама вредна над 100 милиони евра

од Aneta Risteska
17 прегледи

Финансиската полиција во италијанскиот град Реџо Емилија откри наводна даночна измама вредна повеќе од 100 милиони евра, организирана од сомнителен криминален синџир во кој учествувале 400 вистински и фиктивни компании, соопштиле извори од истрагата, пренесува АНСА.

Даночната полиција соопшти дека 179 лица се под истрага, додека 91 претрес биле извршени во Италија, од Торино до Кротоне.

Операцијата наречена „Омброманто“ започна утринава, кога беа претресени 87 лица и четири бизниси во неколку италијански провинции, вклучително и 23 во областа Реџо Емилија, додадоа истражителите, јави Танјуг.

Слични содржини