Во Милано вандализиран мурал посветен на преживеаните од Холокаустот

од Aneta Risteska
10 прегледи

Мурал посветен на преживеаните од Холокаустот, Едит Брук, Лилијана Сегре и Сами Мондиано, насликан за 80-годишнината од ослободувањето на Аушвиц, е вандализиран во Милано.

Уметникот Алесандро ди Паломбо го осуди „антисемитскиот“ чин на вандализам и рече дека оние кои се рамнодушни кон таквите напади се „соучесници во ужасните промени во општеството“, пренесува Танјуг.

Сегре, која беше прогласена за доживотна италијанска сенаторка во 2018 година, присуствуваше на откривањето на муралот во Милано минатата недела, пренесува Раи. Таа за време на церемонијата положи венец во спомен на жртвите од холокаустот, а на настанот присуствуваа и израелскиот амбасадор во Рим Џонатан Пелед и главниот рабин Рикардо ди Сенги.

Photo/Freepik

Слични содржини