Во Сиднеј пронајден автомобил полн со експлозив. Спречен можен терористички напад

од Aneta Risteska
19 прегледи

Полицијата во Сиднеј открила автомобил наполнет со експлозиви, придружен со белешка што навестува дека возилото можеби било наменето за напад врз еврејска синагога, пренесуваат австралиските медиуми.

Според полициските извештаи, возилото било пронајдено пред девет дена, но информацијата дури сега е обелоденета. Истражителите го третираат случајот како сериозна терористичка закана, објави „Тајмс оф Израел“.

Засега, осомничени за случајот не се идентификувани, а истрагата продолжува.

Слични содржини