Возачи во Битола и Македонски Брод лишени од слобода поради безобѕирно управување возило

Двајцата биле исклучени од сообраќај и против нив се изречени кривични пријави.

од Бисера Трајковска
11 прегледи Фото: Принтскрин

Полициски службеници од СВР Битола лишиле од слобода возачи во Битола и Македонски Брод поради безобѕирно управување возило, информираат од секторот за односи со јавност при СВР Битола.

Како што посочуваат, првиот, 27-годишен битолчанец управувал возило со 2,16 промили алкохол во крвта, а вториот, жител на Македонски Брод биле со измерени 2,03 промили алкохол. Двајцата биле исклучени од сообраќај и против нив се изречени кривични пријави.

-Утрово во 03:42 часот при контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле возило „опел” со битолски регистарски ознаки, кое го управувал П.Д., и при преземање мерки констатирано е дека го управува возилото под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,16 промили алкохол во крвта. Веднаш потоа, П.Д. е исклучен од сообраќај и ќе му биде изречена кривична пријава за безобѕирно управување со возило.

Иста кривична пријава ќе биде изречена и за С.В. од Македонски Брод кој возел под дејство на алкохол и притоа измерени му се 2,03 промили алкохол во крвта.

-Полициски службеници од ОВР Македонски Брод го лишија од слобода С.В. од Македонски Брод кој на улицата „Маршал Тито“ возел под дејство на алкохол. При контрола во сообраќајот, полициските службеници сопреле патничко возило „рено“ со регистарски ознаки од Македонски Брод, кое го управувал С.В. и констатирале дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 2,03 промили алкохол во крвта. С. В., бил иисклучен од сообраќај и по документирање на настанот ќе му биде поднесена кривична пријава за безобѕирно управување на моторно возило, информираа од СВР Битола.

Слични содржини