51
Претседателот Александар Вучиќ вечерва изјави дека е загрижен поради воведувањето санкции против НИС бидејќи, како што рече, тоа му е официјално потврдено, што се очекува околу 1 јануари.
„Она што ме загрижува е можното воведување санкции. Кога ќе кажам можно, ќе се воведат санкции, бидејќи тоа ми е официјално потврдено, не неофицијално. Веќе кажав дека е официјално потврдено, само го чекаме моментот, тоа ќе биде околу 1 јануари“, изјави Вучиќ во гостувањето на РТС.
Тој додаде дека само се чека да се види што ќе содржи тој документ, бидејќи, како што вели, видел дека и Хрватите се побуниле бидејќи за две години ќе престане да постои нафтоводот Јанаф.
Јанаф денес постои благодарение на Србија, изјави Вучиќ.