Загинаа 14 лица при удар на автобус во ѕид од тунел во Кина – има и многу повредени

од Симе Стоиков
136 прегледи

Кобна автобуска несреќа се случила во Кина, јавуваат бројни реномирани светски медиумски куќи.

Имено како што се наведува четиринаесет лица загинаа, а 37 се повредени во сообраќајна несреќа на патнички автобус во северната кинеска провинција Шанкси, соопштија тамошните локалните власти.

Според првичните информации патнички автобус удри во ѕид од тунел на автопатот Хохот-Беихаи во Шанкси во вторникот, објави Ксинхуа.

Спасувачките сили излегле на местото на настанот, а истрагата за причините за несреќата е во тек.

Слични содржини