Заглавија преговорите за Гибралтар

од Aneta Risteska
52 прегледи

Владата на Гибралтар сака отворени граници со Шпанија за да им го олесни животот на нејзините жители, но четиристраните разговори за британската прекуморска територија се во застој.
Преговорите меѓу Лондон, Мадрид, Брисел и Гибралтар започнаа во 2021 година во обид да се реши едно од најтешките преостанати прашања што ги покрена Брегзит: како британската прекуморска територија од 6,8 квадратни километри на јужниот брег на Шпанија може да функционира надвор од ЕУ, објави Политико.

Економијата на Гибралтар е во голема мера интегрирана со шпанската, но по Брегзит, граничните контроли станаа построги, што им го отежнува животот на 15.000 луѓе кои секојдневно патуваат преку границата. За да се реши проблемот, Владата на Гибралтар сака да ги укине граничните проверки.

Во мај минатата година, конзервативниот министер за надворешни работи Дејвид Ратли им рече на пратениците да очекуваат договор „во следните месеци, можеби и порано“. Преговорите мораше да бидат прекинати за време на кампањата за британските општи избори, што доведе до промена на администрацијата во Лондон.

Минатата година на пратениците им беше кажано дека територијата најверојатно ќе мора да се усогласи со некои правила на ЕУ за стандардите за производите, додека на аеродромот ќе бидат поставени „паралелни“ пасошки контроли слични на оние што се користат на „Еуростар“, пренесува Танјуг.

Шпанскиот министер за надворешни работи Хозе Мануел Алварез, зборувајќи за RTVE претходно овој месец, рече дека во моментов има едно специфично прашање за слободата на движење на луѓето и друго за слободното движење на стоки, што е последната пречка за постигнување договор. Албарез рече дека постои решеност од двете страни да постигнат договор и додаде дека оние кои треба да одлучат за тоа се согласуваат дека мора да се постигне договор за Гибралтар.