Зеленски е подготвен да се повлече од претседателската функција „ако тоа значи мир во Украина“

од Aneta Risteska
17 прегледи

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека е подготвен да се повлече од претседателската функција доколку тоа значи мир во Украина или членство на Украина во НАТО, јави Танјуг.
Зеленски рече дека не планира да биде на власт „со децении“, но исто така рече дека „нема да дозволи (рускиот претседател Владимир) Путин да ја преземе контролата врз земјата“. Тој додаде дека сака американскиот претседател Доналд Трамп да биде партнер на Украина, односно повеќе од само посредник меѓу Киев и Москва.

„Навистина сакам тоа да биде многу повеќе од посредување“,  рече тој на прес-конференција во Киев. Додаде дека знае како „да се договори со сериозни луѓе“.

Зеленски ги отфрли тврдењата дека Украина им должи 500 милијарди долари.
„Нема да ги гледам грантовите како заеми. Нема простор за емоции, имам прагматичен став кон нашите односи со САД. Невозможно е да се заврши војната оваа недела на начин што ќе ја гарантира безбедноста на Украина“, рече тој.
Во меѓувреме, Зеленски истакна дека „нема формат“ за договорот за минерали според кој Украина „ќе ги врати парите за помошта што веќе ја добила“.
„Разговорите за договорот за минерали напредуваат, се е во ред“, рече Зеленски. Во исто време, тој нагласи дека САД треба да достават повеќе оружје во вредност од околу 15 милијарди долари на Украина.

Слични содржини