Зеленски: Украина нема да прифати никаков мировен договор меѓу САД и Русија без Киев

од Aneta Risteska
114 прегледи

Украина нема да прифати никакви договори постигнати меѓу САД и Русија без нејзино учество, изјави попладнево Володимир Зеленски.

Зборувајќи им на новинарите за неговиот телефонски разговор со Доналд Трамп, Зеленски истакна дека е клучно Украина да биде присутна на преговарачката маса. Додаде дека за време на разговорот со Трамп не се разговарало за членството на Украина во НАТО, но признал дека е свесен за позицијата на САД дека не ја сака Украина во тој одбранбен сојуз.

„Денес е важно ништо да не оди според планот на Путин. Тој сака да ги води сите преговори билатерално со САД“, нагласи Зеленски.

Американскиот претседател Доналд Трамп изрази надеж за мировен договор, но се чини дека тој веќе направил одредени отстапки пред Путин уште пред да започнат преговорите. Синоќа Трамп изјави дека е „непрактично Украина да стане членка на НАТО“ и дека „не е веројатно дека ќе можат да ја вратат целата окупирана територија“.

Слични содржини