Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтер ја погоди провинцијата Севилја

од Aneta Risteska
24 прегледи

Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала рано утринава го погоди градот Касала де ла Сиера, во шпанската провинција Севилја, јави агенцијата Ефе.

Земјотресот бил почувствуван низ цела Андалузија, како и во автономната област Екстремадура во југозападна Шпанија.

Градоначалникот на Казале де ла Сиера, Адријан Торес изјави дека земјотресот траел околу 10 секунди, а во текот на денот ќе се изврши детална проценка на штетите, иако засега се чини дека нема, пренесува Танјуг.

Слични содржини