Претежно облачно  со слаб локален дожд на планините и на некои повисоки места со слаб локален снег, особено во јужните и источните делови на земјава. Ќе дува слаб до умерен  ветер од  северозападен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10 степени.

  102826

Во Скопје:

Променливо облачно, со слаб до умерен североисточен ветер. Дневната температурата ќе достигне до 10 степени.

ВИСИНА НА СНЕЖНА ПОКРИВКА (во см) ИЗМЕРЕНА ВО 07 часот:  66 Маврови Анови, 16 Лазарополе, 6 Крушево, 5 Пожаране, 1 Ѓуриште.

 

МИНИМАЛНИ ТЕМПЕРАТУРИ:

-3 Лазарополе и во Крушево, -2 Маврово и во Битола, –1 Претор, 0 Охрид и во Прилеп,1 Берово и Кр.Паланка, 4 Виница, Тетово, Дојран, 5 Штип, Струмица Д.Капија, Гевгелија, Кавадарци, Куманово  6 Скопје-Зајчев Рид, Скопје-Петровец.

 

ВРЕМЕТО ВО НАРЕДНИТЕ ДЕНОВИ:

Ќе преовладува променливо облачно и посвежо време со повремен слаб локален дожд, а на планините со повремен слаб снег.

Намалување на облачноста и повеќе сончеви периоди  како и покачување покачување на температурата на воздухот се очекува в петок и сабота.

 

 В недела, повторно облачноста ќе се зголемува и ќе има повремени врнежи претежно од дожд.

Слични содржини