Џони Деп претрпе радикална трансформација додека се приближува до својот 61 роденден. Во февруари беше виден во Торино, Италија, каде што го режира својот нов филм „Моди“ за уметникот Модиљани. Тогаш носеше долга коса, капа и јакна со ликот на Че Гевара.
Оттогаш значително се промени. Во понеделник, 15 април, присуствуваше на британската премиера на филмот Jeanne Du Barry облечен во тесен костум на Диор, имаше кратка фризура и делуваше многу ослабен.
Пријател на ѕвездата им откри на медиумите дека тој веќе некое време живее во Лондон и дека градот му одговара.
„Тој живееше во Велика Британија додека го уредуваше Моди и живееше почист начин на живот отколку во минатото“, рече изворот.
Долгата коса ја скрати пред две недели, пред да сними уште една реклама за Диор, чие е заштитно лице за најпродаваниот парфем Sauvage.
(WATCH) Johnny Depp introduces 'Jeanne du Barry' during the film's London premiere pic.twitter.com/4suuBGMwWL
— Deadline Hollywood (@DEADLINE) April 15, 2024