Руското Министерство за одбрана соопшти дека располага со докази дека Турција е голем потрошувач на нафта увезена од “Исламска држава” и дека претседателот Реџеп Тајип Ердоган и неговото семејство имаат заеднички бизнис со терористите, пренесе “Ројтерс”.

Russian-military-reveals-details-of-ISIS-Turkey-oil-smuggling

За време на брифингот во Москва официјални претставници на руското Министерство за одбрана покажаа сателитски снимки. Според Москва на нив се гледа како цистерни со нафта преминуваат од контролираната од “Исламска држава” територија кон Турција. Кремљ тврди дека знае за три правци по кои нафтата се транспортира кон Турција.

Ердоган: Ќе се повлечам ако се докаже дека Турција купува нафта од ИД

Министерството за одбрана на Русија додаде дека ќе продолжи да нанесува воздушни напади на “Исламска држава” во Сирија.

Слични содржини