Апсење поради дрога на неколку локации во Скопје

од Milan1

Вчера и денеска полицијата уапсила неколку лица, бидејќи кај нив била пронајдена дрога.

– Денеска (08.05.2024) во 02.10 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.(25) од с.Трубарево, скопско, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

– На 07.05.2024 во 20.40 часот на подрачјето на Средно Водно, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.П.(20) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

– На 07.05.2024 во 21.30 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода М.М.М.(27) од Скопје затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информираат од МВР.

Слични содржини