162
Неколку стотина граѓани, на повик на политичкото движење Беса, денеска излегоа на протест во Паркот во скопски Чаир. Учесниците бараат оставки на владата.Демонстрантите носат албански знамиња.Многу автомобили и автобуси се дојдени тука во Скопје да му кажат НЕ на Груевски и неговите министри.
Организаторите велат дека се работи за сеалбански протест на кој „се бара оставка од владата на Груевски и Ахмети, расветлување на сите албански вистини во Македонија и нов договор во државата“.
Предвидено е протестниот марш да заврши кај мостот „Гоце Делчев“, од каде ќе се упатат пораки и ќе се одржат неколку говори. На маршот присуствуваа и граѓани од другите градови кои организирано со автобуси пристигнаа во Скопје.