📊Станиците за технички преглед со речиси тројно поголема заработка во 2023 споредбено со претходната година

од Vladimir Zorba

Континуиран е растот на добивките на станиците за технички преглед во последните три години. Ваквите податоци поткрепени со официјални бројки на БизнисМрежа покажуваат солидни резултати во работењето на неколку од фирмите кои се занимаваат со оваа дејност како ЦЕРТУС АД Скопје, ПАУЕР СПОРТ СИСТЕМ ДОО Скопје, АМСМ УСЛУГИ- СТАНИЦА ЗА ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД.

Нивниот вкупен профит во 2023 година изнесувал повеќе од половина милион евра, односно 571.936 евра, и е речиси тројно поголемен во однос на претходната година кога заедничката заработка на овие три фирми била 201.900 евра. Во првата година од своето работење, СН МОТО ЦЕНТАР ДОО увоз- извоз Скопје, 2023 година ја завршиле со загуба од 326.939 евра.

Најголем профит минатата година остварил ПАУЕР СПОРТ СИСТЕМ од 384.320 евра, во услови на остварен приход од над 3.68 милиони евра и расход од 3.21 милиони евра. Оваа добивка на ПСС е шесткратно поголема од профитот што го имале само една година пред тоа.

На второ место, за разлика од претходната година кога беше на врвот, е АМСМ УСЛУГИ- СТАНИЦА ЗА ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД со добивка од 185.375 евра што е речиси двојно повеќе од профитот во 2022 година. Минатата година компанијата бележи раст и на приходната ( 1, 1 милиони евра) и на расходната страна (896.568 евра) .

Зад неа е ЦЕРТУС АД Скопје со нето добивка од 2.241 евро што е речиси 18 пати помалку од 2022-та кога профитот изнесувал 39. 483 евра. Минатата година оваа фирма на приходната страна имал 419.455 евра и зголемени расходи во однос на 2022 г, од 484.454 евра.

Споредбените податоци на БизнисМрежа покажуваат дека АМСМ УСЛУГИ- СТАНИЦА ЗА ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД во 2022 година во однос на остварената добивка бил на првото место меѓу анализираните фирми за технички преглед со нето добивка од 97.268 евра. ПАУЕР СПОРТ СИСТЕМ ДОО Скопје имал профит од 65.149 евра, а последен на листата е ЦЕРТУС АД Скопје со реализирана нето добивка од 39.483 евра.

2021 година била во знакот на ПАУЕР СПОРТ СИСТЕМ ДОО Скопје кој остварил најголема нето добивка од 98.050 евра, што е за неполни 33.000 евра повеќе од 2022 година. АМСМ УСЛУГИ- СТАНИЦА ЗА ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД ја заокружиле годината со 61.128 евра, а ЦЕРТУС АД Скопје во 2021 година имале нето добивка од 24.200 евра.

К.В.С.

Слични содржини