СУДИР НА ДВА ВОЗА ВО БЕЛГРАД: Има повеќе повредени, на терен итна помош и пожарникари

од Илинка Илиоска
701 прегледи

Два воза се судрија денеска околу 18:30 часот во тунелот кај Панчевачки мост во српската престолнина.  Несреќата се случила кај т.н на десната банатска пруга меѓу Панчевачки мост и центарот на Белград, кога се судриле патнички и товарен воз.

Српските медиуми јавуваат дека на терен се испратени екипи на итната помош и пожарникари. Судирот се случил на 500 метри во внатрешноста на тунелот.

Според неофицијални информации има повредени, а меѓу нив наводно е и кондуктерот.

Слични содржини