Анкетираните граѓани во Скопје, Тетово и Куманово сметаа дека последните настани во Бутел и повлекувањето на ДУИ од местото каде треба да се гради крстот се обид за предизборно освојување политички поени преку лажен патриотизам.

плостад
„Ова нема никаква цел. Ова што се направи беше на етничка основа. Владата уште одамна има грешки, направи големи грешки“, вели еден жител на Скопје.

Граѓаните на Тетово сметаат дека ДУИ и ВМРО ДПМНЕ преку овие сценарија се обидуваат да ја дефокусираат јавноста од реалните проблеми на земјата.

„Работата со крстот е политичко прашање, се работи за театар на политичките партии на власт за дефокусирање на народот од актуелната политичка ситуација“, рече еден жител на тетово.

Кумановци сметаат дека тоа што се случува во Бутел е сценарио и игра на владејачките партии за поттикнување тензии.

„ДУИ е партија која на сите Албанци од Дебар до Лојане им дала лажица со мед. Сакам сите Албанци и Македонци да живеат среќни, оваа земја е на Албанците и на Македонците, но со политиката не можеш да излезеш на крај “, оценува жител на Куманово.

Реакциите на граѓаните следуваат по повлекувањето на ДУИ од местото на кое е предвидено да се постави крст во скопски Бутел./АЛСАТ М

Слични содржини