Новиот тренер на Баерн Минхен, Карло Анчелоти смета дека Жозе Мурињо е совршен менаџер за Манчестер Јунајтед. Се очекува наскоро договорот меѓу двете страни да стане факт, затоа Италијанецот ја изрази гласно својата поддршка.

638-397-zhoze-mourinio

Специјалистот не водел друг тим, откако беше отпуштен од Челзи во декември, по серијата слаби резултати. Во понеделникот досегашниот тренер на “црвените ѓаволи” Луис ван Гал беше отпуштен и така се отвора одлична шанса пред Португалецот.

“Сметам дека бракот меѓу Јунајтед и Мурињо ќе биде добар, бидејќи тој одлично ја познава Премиер лигата на Англија”, рече Анчелоти, кој исто така има искуство во англиското првенство на чело на Челзи.

Мурињо е во Манчестер за завршните преговори

“Жозе е еден од најдобрите тренери во светот, а Манчестер Јунајтед во моментов има потреба од некој кој ќе надгради над завршено од Ван Гал во последните 2 години. Постојат различни мислења за работата на холанѓанецот. Мое мислење е дека тој пристигна во момент кога тимот требаше да се гради од нула по повлекувањето на Рио Фердинанд, Пол Сколс, Рајан Гигс и на Сер Алекс Фергусон. Тоа бара време. ”

“Истото се случи и во Милан пред време. Кога тимот го загуби Паоло Малдини, Џенаро Гатузо и Филипо Инзаги, па беше тешко да се реорганизираат работите брзо. Во минатата сезона Јунајтед покажа дека има навистина добри млади играчи. Можеби со Мурињо тие ќе направат чекор напред “, додаде Анчелоти.

Слични содржини