Се претпоставува дека сторителот на самоубиствениот бомбашки напад во турскиот град Суруч (југоисточна Турција), во понеделникот, е 20-годишен турски државјанин од курдско потекло, кој минатата година патувал нелегално до Сирија, изјави висок владин функционер за Ројтерс.

655-402-turciia-napadenie-suruch

При напад во Суруч загинаа 32 лица. Тој беше насочен против група активисти, членови на Федерацијата на младинските здруженија на социјалистите, кои учествуваа во летна акција за поддршка на реконструкцијата на сирискиот курдски град Кобане и планираа да го посетат градот. Турските власти ги обвинуваат за атентат “Исламска држава”.

Терористот камиказа е од град Адјаман (југоисточна Турција) и имал врски со друг наводен бомбаш, кој извршил бомбашки напади на 5 јуни за време на предизборен митинг на прокурдската Демократска партија на народите (ДПН) во Дијарбекир (југоисточна Турција) пред парламентарните избори на 7 јуни, посочи цитираниот одговорен претставник, кој побарал анонимност.

При бомбашкиот напад во Дијарбакир загинаа четири лица, а десетици беа повредени.

Весникот “Хуриет” денеска пишува дека механизмот на експлозивната направа кај двата атената бил ист и дека наводните сторители на овие напади се приклучиле кон џихадистичката група во исто време, соопштува АФП.

Според информации во турскиот печат сторителот на нападот во Суруч со иницијали С.А.А. се вклучил во редовите на “Исламска држава” само пред два месеци.

Премиерот Ахмет Давутоглу ќе претседава попладне со вонредна седница на Министерскиот совет, на кој според него ќе биде разгледан нов “акционен план” во борбата против тероризмот, кој ќе има за цел зајакнување на контролата на границата со Сирија и преминување на преминувањето на џихадисти во неа.

Слични содржини