За пречекот на Велигденските празници во Охрид се очекуваат доста туристи од Бугарија, Србија и Албанија. Ова, во интервју за бугарската агенција “Фокус” го изјави градоначалникот Никола Бакрачески.

Ohrid-profil-2

“Охрид со нетрпение ги очекува Велигденските празници, а како и секоја година, во духот на христијанската религија, градот е подготвен во секое време да ги прифати гостите кои планираат да дојдат. Се очекува доста туристи, претежно од соседните земји – Бугарија, Грција, Србија и Албанија “, објасни тој. Според неговите зборови, тоа се православни христијани, кои традиционално доаѓаат во Охрид за време на Велигденските празници и ја користат можноста да се запознаат со културно-историските знаменитости на Охрид. “Тоа е дел и од нашата вековна традиција луѓето од овој регион да комуницираат и да се движат во различни земји”, рече Бакрачески.

Слични содржини