Граѓанската иницијатива „Протестирам“ и вечерва во Битола организираше организираше протест против власта на локално и национално ниво.

bitola_12

На вечерашниот едночасовен протест кој почна од плоштадот „Магнолија“, а заврши пред зградата на општина Битола која и вечерва беше гаѓана со јајца и кеси со боја, учесниците на собирот побараа оставка од градоначалникот Владимир Талески, а од претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов освен оставка побараа и повлекување на одлуката за општа аболиција.

– Да се преиспита односот кон правдата. Ние се бориме за нов систем на вредности. Нема аболиција, нема правда – нема мир, јавно порачаа граѓанските активисти од Битола на вечерашниот протест во овој град.

Слични содржини